Најмалку 31 загинати во бомбашки напад во Кабул
Нападот се случил во центар за регистрација на гласачи во шиитска населба во западен Кабул, каде што голема група луѓе чекала да си ги подигне националните идентификациски картички.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Исламската држава претходно извршуваше напади во шиитскиот дел на градот.
На 14 април почна регистрирањето гласачи во Авганистан за долго одложуваните парламентарни избори закажани за октомври. Изборната администрација оцени дека безбедноста е најголем предизвик, со оглед на тоа што талибанците и други екстремистички организации контролираат голем дел од земјата.