Временска прогноза – Сончево и топло време
Во Скопје слично време со температура до 27 степени.
Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе се задржи суво време.