Поранешен претседател на Романија обвинет за злосторства против човештвото
Илиеску, кој има 88 години се појави во обвинителството, но не даде коментар за случајот. Илиеску ја презема власта во земјата на 22 декември 1989 година од комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.
Според обвинителството, Илиеску и неговите соработници кои ја преземале контролата врз војската и медиумите за време на немирите не успеале да ги спречат убиствата.