Коѕијас ја отфрла можноста Македонија во јуни да влезе во НАТО
Во однос на преговорите тој посочи дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите ќе стои „државјанин на таа и таа земја, државјанин на името за кое што ќе постои договор“.
Во однос на предлозите Коѕијас истакна дека е отфрлено името „Република Македонија (Скопје)“, при што Грција и оставила простор на земјата да ја одбере одредницата, која, според него, ќе треба да е и за внатрешна употреба. Тој притоа категорично ја отфрли можноста за постигнување на договор без промени на Уставот и ерга омнес.