За Ахмети препораката за Македонија е очекувана
Тој порача дека со климата што ја имаат создадено и со комуникацијата меѓу власта и опозицијата работите ќе земат правилен тек. Во однос на спорот за името Ахмети порача дека се работи за многу чувствително прашање за кое не би сакал да дебатира на прес-конференции, особено што разговорите се во полн ек. Тој посочи дека очекуваат позитивен епилог и да се постигне компромис што ќе биде прифатлив за сите.