Грчкото МНР: Реформите и името предуслови за Македонија во ЕУ
Според министерството, Македонија има долг пат којшто треба да го изоди за да го пополни јазот создаден од назадувањето во последните години и стабилноста и напредокот на земјата е од витален грчки интерес. Грција, се посочува, го поддржува проширувањето на ЕУ, но земјите кандидати ќе треба да ги исполнат поставените услови.