Заев: Најголемата заслуга за напредокот ја имаат граѓаните
Премиерот Заев повтори дека Владата останува фокусирана на реформите за остварување на како што рече следните заеднички остварувања. Истакна дека е оптимист дека во следните неколку недели може да се затвори и спорот со Грција.
„Имаме напредок во овој процес, возможно е во следните неколку недели да се најде решение, ние сакаме тоа да се случи пред самитот на ЕУ . Но сепак најважно е да се реши овој проблем кој е децениски и веројатно последното отворено билатерално прашање на Македонија, притоа секако водејќи грижа за достоинството и идентитетот на двете страни,“ изјави Заев.
Премиерот Заев сепак посочи дека извештајот ги нагласува и слабостите на кои треба да се работи, и како што додаде, содржи јасни насоки по кои треба да се водиме на патот кон полноправно членство.