Ахмети: Храброста за решавање на отворените прашања се наградува
“ДУИ вети дека ќе продолжи со реформите и за зајакнување на напорите за целосно владеење на правото, како и за борба против корупцијата и организираниот криминал. Храброста за решавање на отворените прашања се наградува, затоа храбро ќе продолжиме во периодот пред нас и кон решавање на спорот со името како наша последна пречка кон ЕУ и НАТО” се наведува во соопштението од ДУИ.