Димитров се надева на чиста препорака од ЕУ
„Во последниот извештај на Фридм хаус за нациите во транзиција беше наведено дека Македонија е земја, кај која е забележан најголем демократски пробив во Европа. Беше кажано земјата е мала, но можностите се големи, што двојно го зголеми моето ниво на адреналин и ентузијазам, рече Димитров.
Нагласи дека интегрирањето во ЕУ треба да се гледа регионално и оти земјите треба да бидат свесни за нивната меѓусебна поврзаност. Додаде дека земјите од регионот често пати сакале да бидат жртви и да ги обвинуваат другите за нивните прашања.
„Виновни ни се соседите, Брисел, никој не не сака. Сè е во наши раце, никој не кажа дека градењето на европската демократија е лесно“, рече Димитров. .
Главна мисија на Европскиот фонд за Балканот е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од регионот и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.