Заев очекува кристално чиста препорака од ЕК
„После оваа препорака Македонија продолжува со реформите. И навистина ако биде потврдено тоа што е сработено, очекуваме да добиеме кристално чиста препорака. Верувам дека заслужено ќе ја добиеме и тоа ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со реформите“, изјави Заев.
По објавување на извештајот во посета на Македонија ќе дојдат високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.