Џонсон: Ќе ги разгледаме сите опции ако Асад пак употреби хемиско оружје
„Не постои ниту еден предлог на маса во овој момент за понатамошни напади, бидејќи до сега, фала на господ, режимот на Асад не е толку луд да преземе уште еден напад со хемиско оружје“, изјави Џонсон.
Според него, нападите на хемиските постројки во Сирија се исправен потег за да се спречи режимот на Асад повторно да употреби хемиско оружје.