Грција се пазари со Германија за спорот со името, објави весникот „Та неа“
Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот, повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името. Тоа, според „Та неа“, би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови.