Британија: Русија ги шпионирала Скрипал со години пред труењето
Поранешниот руски шпион Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени во несвесна состојба на 4 март во јужниот англиски град Солсбери. Велика Британија ја обвини Русија за обидот за убиство со нервен гас, но Москва тоа жестоко го негира.
Во писмото до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Седвил вели дека само Русија има "технички средства, оперативно искуство и мотив" за нападот врз поранешниот руски двоен агент и неговата ќерка.
Советскиот Сојуз развива нервен гас од четвртата генерација, познат како Новичокс, од 80-тите години во минатиот век, наведува Седвил