ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за криење на висината на државниот долг
„Наместо претпоставениот и предвиден раст на македонската економија за 2018 година од 3,2 тие го нивелираа на 2,3 проценти. Повторно 100 милиони евра граѓаните на Република Македонија во 2018 ќе бидат посиромашни споредено со тоа што биле во 2017 година,“ изјави Мицкоски.
Тој ја обвини Владата за водење на катастрофална цунами економска политика на владата која, како што рече, мора да престане.