Германија нема да учествува во воздушни напади врз Сирија
Во меѓувреме францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постои доказ оти режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад употребил хемиско оружје при нападот врз Дума во саботата.
„Имаме доказ дека хемиското оружје што е употребено е хлор и дека тоа било користено од страна на режимот на Башар ал-Асад,“ изјави Макрон во интервју за француската телевизија ТФ1.