Усогласен текстот за временската рамка и иредентизмот
„Ова беше разговор без надмудрување со големо разбирање за потребите на другиот. Нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги отстраниме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го обезбеди“, рече Димиторв.
Според Димитров, работните групи на двете страни работеле на текст за спречување на иредентизмот во Македонија и Грција и на преамбуларните параграфи од идниот билатерален договор. Коѕијас изрази благодарност до дипломатите од работните групи бидејќи забележан е напредок, посебно за рамката за заедничка соработка, но и за тешкото прашање кое се однесува на иредентизмот.
„Како што сфаќате колку што се доближуваме и ги решаваме нашите проблеми, остануваат помалку теми за решавање но тие се најтешките“ посочи Коѕијас.
Тој најави нивна повторна средба на 4 или 5 мај во Солун.