Трамп со непрецизен одговор за евентуалниот напад врз Сирија
“Никогаш не кажав кога ќе се случи нападот врз Сирија. Може да биде наскоро или не толку наскоро“, напиша Трамп.
Во секој случај, тој потенцира, дека неговата администрација направила одлична работа со тоа што го ослободила регионот од милитантната група Исламска држава. „Каде е нашето- ви благодарам Америка“, додава Трамп на социјалната мрежа.