Потврдена анализата на Британија за случајот Скрипал
Британија ги обвинува руските власти за нападот врз Скрипал и неговата ќерка со хемискиот гас познат како Новичок кој бил развиен за време на Советскиот сојуз. Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон посочи дека сега нема сомневања за што било користено и дека само Русија ги имала можностите и мотивот.