Манчевски сведочеше дека му бил скршен носот на 27 април
„Маваа по нас, некои со раце, некои со сталаци за камери, со столици, со компјутери. Тоа траеше два и пол часа. Села беше на крајната лева страна од групата пратеници кои бевме во ќошот од прес-центарот“, кажа Манчевски.
Тој посочи дека слушнале извици за закани, дел упатени конкретно за лица по име, а дел генерално за сите. Се слушало „убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“, истакна Манчевски во своето сведочење пред судот.