Кирацовски тврди дека на 27 април Села и Заев биле главна цел
Тој пред судот рече дека толпата наликувала на бесна орда која имала за цел да убие некого. Кирацовски порача и дека луѓето правеле јамки од каблите од микрофоните обидувајќи да уловат некои од пратениците. Според него, главна цел биле Зоран Заев и Зијадин Села.