Претрес во домот и канцеларијата на украинската пратеничка Савченко
Нејзината мајка, Марија Савченко изјави дека полицијата го конфискувала пиштолот кој ќерка и го добила како награда, како и муницијата за оружјето. Според полицијата, претресот бил поврзан со истрагата за Савченко.
Генералниот обвинител Јури Луценко на 15 март тврдеше дека Савченко планирала да ја уништи куполата на Парламентот со минофрлачки гранати и да ги убие преживеаните пратеници со огнено оружје.