Директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ оди на Косово
Таа информација е потврдена и од Министерството за надворешни работи во Приштина, како и од советникот на шефот на дипломатијата Јетлир Зиберај, кој за весникот Газета експрес изјави дека „посетата е одобрена“.
Заминувањето на Марко Ѓуриќ на Косово се случува само по 12 дена од неговото приведување и инцидентите во Косовска Митровица на 26 март, кои Приштина го аргументираше како негова провокација и непочитувањето на процедурите за посетата, по што тој беше депортиран од Косово. Србија потоа го стопираше Бриселскиот дијалог со Косово, а претставниците на српската листа ја напуштија косовската влада и започнаа со изработка на статутот на Заедницата на српски општини, со што српско-косовските односи уште повеќе се заострија.