Пучдемон излегува од германскиот затвор со кауција
Тој ќе биде проверуван од германската полиција еднаш неделно и му е забрането да ја напушти земјата. Шпанија го обвинува Пучдемон за бунт и злоупотреба на јавни средства за организација на неовластен референдум за независност на Каталонија во октомври, 2017 година.