На 24 години затвор осудена поранешна претседателка на Јужна Кореја
Судијата Ким Се-јун изјави дека е неизбежно оти обвинетата треба да биде строго казнета за нејзините злодела со цел да се спречи еден претседател да ја злоупотреби моќта која му е дадена од народот и да предизвика хаос во државните работи. Парк извршила притисок врз 18 компании да платат 72,3 милиони долари на фондацијата управувана од нејзината пријателка Чои Сон-сил.