Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензија ја осуди британската влада поради обвинувањата дека Москва стои зад труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија. Небензија, отворајќи го состанокот на Советот за безбедност посветен на тоа прашање изјави дека Русија била жртва на „избрзана, неуредна и злонамерна кампања што ја водат Британија и нејзините сојузници“. Тој ги предупреди британските власти да не си „играат со оган“ и оти ќе зажалат поради нивниот одговор на труењето на екс шпионот.