Русија: Случајот со труењето пред Советот за безбедност на ОН
Лондон соопшти дека е "многу веројатно" оти Москва стои зад нападот на 4-ти март со нервен гас врз поранешниот руски шпион Сергеј Скипал и неговата ќерка, но Русија инсистира дека е невина.
Повеќе од дваесетина западни земји се приклучија на Велика Британија во протерување на повеќе од 150 дипломати во одмазда за труењата. Барањето на Русија за нова заедничка истрага за инцидентот беше одбиено со мнозинство од гласовите на состанокот на органот за донесување одлуки на Организацијата за забрана на хемиско оружје. Рускиот амбасадор во организацијата, Александар Шулгин, рече дека гласањето не успеало да стигне до "квалификувано мнозинство", бидејќи само 21 од 41 членови на извршната власт гласале за рускиот предлог. Од 38 присутни членови, 17 биле воздржани. На гласањето Русија ја подржаа Кина, Азербејџан, Судан, Алжир и Иран.