ДУИ: Инцидентот во Мала Речица нема некаква врска со партијата
. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција, се вели во соопштението на ДУИ.
До соопштението на ДУИ доаѓа по информацијата за вооружена пресметка на две групи вечерва во тетовска Мала Речица која резултираше со еден згинат и еден повреден.
Инцидентот, како што претходно јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.
Некои од порталите на албански јазик претходно објавија дека се работи за престрелка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и Куманово.
Приведени се две лица во врска со инцидентот.