Заев: Могерини и Хан во Скопје по објавувањето на извештајот за напредокот
„Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи после Извештајот што го очекуваме на 17 април. Веројатно тоа би било 18 април посетата овде, затоа што тогаш тука ќе се одржи Дигиталниот самит. Верувам дека 18 и 19 април ќе бидат датумите кога ќе биде посетата од комесарот Хан и од високата претставничка Могерини“, рече премиерот Заев на новинарско прашање, на заедничката прес-конференција со неговиот гостин, словенечкиот премиер Мирослав Церар.