Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ најави окрупнување со нови здруженија и групации. Велат дека немаат намера да формираат нова партија и дека со демократски средства ќе ја реформираат матичната партија. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека партијата е демократска и дека работат на измени на статутот.