МНР: Коѕијас по Велигден во Скопје, точниот датум не е утврден
„Начелно има согласност дека министерот за надворешни работи Никос Коѕијас ќе допатува во Скопје по Велигден, но точен датум кога ќе се случи посетата се уште не е усогласен меѓу кабинетите на двајцата министри“, велат од МНР.
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров оствари средба со Коѕијас и со медијаторот на ОН, Метју Нимиц во петокот во Виена. Коѕијас претходно на 22 и 23 март го посети Скопје.