Путин тврди дека изборите биле најтранспарентни во руската историја
Путин ја даде изјавата за време на средбата со шефицата на централната изборна комисија Ела Памфилова која му го врачи сертификатот за победата на изборите за која неговите противници и меѓународни набљудувачи соопштија дека била извојувана во услови кога гласачите немале вистински избор. Путин доби 76,7 проценти од гласовите, повеќе отколку на претходните три изборни циклуси.