Кривична пријава за Никола Тодоров за несовесно работење
Пријавата се однесува на договори склучени од страна на Министерството за здравство во 2010 година за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи за болници во Куманово, Кочани и Крива Паланка со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит.
Кривична пријава, според соопштението, е поднесена и против раководителот на проектот при министерството, при што буџетот бил оштетен за околу 62 илјади евра.