Осудени 6 лица за заговор за убиство на познат политичар во Молдавија
Судот во Кишињев го осуди лидерот на групата Валеријан Заболтони на 20 години затвор, а останатите добиле казни од 3 до 11 години. Обвинетите беа уапсени во април, минатата година и се изјаснија за невини. Според властите, наредбата за убиство на Плахотониук ја дал бизнисменот Григоре Карамалак кој е во бегство.