ВМРО ДПМНЕ се враќа во Собранието
„Оваа влада е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика без резултати, а на внатрешен план – политика без концепт и сериозна идеја“ рече Мицкоски.
Според неговите зборови во финална фаза се преговорите со СДСМ за реформските закони и за поголем дел нив со владеачката партија постигнале согласност. Мицкоски рече дека со цел договорот да биде спроведен, ВМРО ДПМНЕ ќе бара писмена гаранција и оти ќе ја следат имплементацијата на овие закони со активно учество во Собранието.
ВМРО ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието, пред три месеци откако шест нивни пратеници беа приведени поради настаните од 27 април.