Католиците го слават Велигден
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.
"Христовото воскресение се издигнува над настанот на историјата како таков и отвора врата на новата историја во која ние само претчувствуваме каква е големината на новиот човек во Божјиот план. На оваа земја сите сме на минување, но тоа толку нè привлекува што често сме им слични на луѓето кои заради болест или старост одат поднаведнати и тешко им е да се исправат за да погледнат во насоката каде сонцето заоѓа". , рече бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.