Коридорот 10 ќе биде готов за еден месец
" Како што информираше надзорот, се завршуваат работите од десната лента. Така што во наредниот период очекуваме од другата страна на коловозната лента градежната компанија да ја постави градежната опрема, се со цел да се отпочне тој дел на работата", рече министерот Сугарески
Со оваа автопатска делница Неготино - Демир Капија комплетно ќе се заврши Коридорот 10, бидејќи во изминатиот период беа комплетно реконструирани двата правца од Куманово-Миладиновце, исто така коловозната лента беше комплетно санирана во делот Велес -Градско.