Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се појави на седницата за законот за судови
"Колку што знам опозицијата ќе се појави во вторник на пленарна седница токму за законите за кои е неопходно двотретинско мнозинство. Законот во целост е усогласен со нив и секако мора да бидат присутни на седницата", изјави Ристоски по пуштањето во употреба на новиот Кривичен суд во Скопје.
Прашан кога очекува да биде назначен нов министер за правда, Ристовски рече дека тоа зависи од разговорите кои се водат за проширување на парламентарното мнозинство.