Зајакнување на составот на АРМ
На веб страницата на Министерството за одбрана ја има и пријавата со чие пополнување секој кандидат ќе го почне процесот за прием. Конкурсот ќе трае 15 дена.
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска ги повика сите млади луѓе на возраст до 25 години со завршено средно образование кои веќе доброволно го отслужиле воениот рок да се пријават на овој конкурс и да дадат шанса за својата генерација, да создадат шанса, но и да влијаат на зајакнување на составот на Армијата на Република Македонија.
Додаде дека во следните десет дена и официјално ќе го почнат процесот на набавка на униформи и чизми