Димитров и грчкото МНР демантираат дека Македонија прифатила уставни измени
По завршувањето на средбата во Виена и изјавите на медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, грчкото МНР излезе со соопштение во кое демантираше информација објавена во одредени грчки медиуми дека македонската страна наводно била подготвена да направи уставни промени, јави МИА.
По демантот на грчкото МНР дека македонската страна се согласила на промени на Уставот, Димитров на Твитер напиша дека преговорите за името се во деликатна фаза и оти шпекулациите се штетни.
„Никаков дипломатски или друг грчки извор не рече дека скопската страна изјави дека е на располагање да направи одредени промени во Уставот на земјата. Конкретното споменување е намерна провокација од страна на секој медиум што ја пренесе конкретната информација“, пишува во соопштението од грчкото МНР.