Убиени тројца Палестинци во судири со израелската војска
Палестинците во Појасот Газа планираат да започнат протест со шатори во траење од шест недели во близина на границата со Израел на кои ќе бараат на палестинските бегалци да им се овозможи да се вратат дома. Израелската војска го зголеми обезбедувањето на границата. Повикот за протест беше упатен од милитантната група Хамас која владее во Појасот Газа.