Заев со Ахмети разговарал за името и за владината коалиција
Заев порача дека на Владата и треба постабилно парламентарно мнозинство зашто следуваат сериозни одлуки за Македонија. Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека до 10 април очекува да бидат именувани замениците-министри на испразнетите места, директорите на јавните претпријатија и државните секретари, а до 17 април да се донесат реформските закони предвидени со Планот 3-6-9.