Македонската филхармонија, во четврток на 29 март, во 20 часот, ќе одржи симфонискиот концерт со кој ќе биде одбележана сто годишнината од раѓањето на еден од највлијателните американски композитори и диригенти, Леонард Бернштајн. Со оркестарот ќе диригира маестро Тимоти Редмонд, а како солист во македонската премиера на Концертот за виолончело и оркестар од Вилијам Волтон е најавен виртуозот Николас Алтштед.