Грчката опозиција тврди дека има големи несогласувања во спорот за името
„Во овој момент се чини дека како што преговорите доаѓаат до јадрото на тешките прашања, има пречки и ќорсокак. Во овој момент, според она што го знаеме, а не сме информирани одговорно и сериозно од владата, според она што можеме да го дознаеме, имам чувство дека сме поблиску до компликација, отколку поблиску до решение“, истакна Кумуцакос во интервју за грчката телевизија „Скај“.