Русија најави одговор на протерувањето дипломати на земјата
"Евидентно е дека овој непријателски чекор од оваа група земји нема да помине без трага, и ние ќе реагираме", соопштија од руското МНР.
Министерството ги обвини сојузниците на Британија дека слепо го следат принципот на евроатланското единство на сметка на здравиот разум.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков порача дека протерувањето на руските дипломати е грешка и најави дека Русија ќе возврати на реципрочен начин.
Британија смета дека Русија е одгооврна за нападот со нервен гас на Скрипал и неговата ќерка Јулија.