Стотици луѓе се евакуирани во источен Казахстан откако топењето на снегот предизвика поплави во регионот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последните 5 дена повеќе од 750 луѓе биле евакуирани и дека е прогласена вонредна состојба во градовите Глубокој и Шемонајха. Локалните власти стравуваат дека ситуацијата може да се влоши, бидејќи се очекувааат и врнежи од дожд во регионот.