Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Ципраc: има два услова за компромис за името

За Грција има два клучни услови околу компромисот за името - едниот е сложеното име со географска одредница, а вториот е тоа да биде одржливо решение. Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, по завршувањето на европскиот Самит на прашање на дописничката на МИА од Брисел за посетата на Никос Коѕијас денеска во Скопје.


„Не треба да биде „олеснета верзија“, туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог меѓу народите, името треба да биде за секоја употреба, меѓународна, билатерална, но и за внатрешна употреба. Не може да има различно име во Обединетите нации, а да продолжи да се нарекува Македонија во Уставот. Договорот не е лесен, во Грција многу луѓе се противат, но ова е историска шанса која треба да се искористи”, изјави Ципрас.


Ципрас, како што јави дописничката на МИА од Брисел, за прашањето за името најпрвин полушеговито одоговорил: „следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“.


Премиерот потоа порача дека Грција ги има „најдобрите намери на светот“.


„Имаме волја да го решиме овој проблем, но нема никаков притисок, никој не не тера, ова не е егзистенцијално прашање за нас, но е за нашите соседи. Не се обидуваме да им наштетиме на нашите соговорници“, додаде тој.


Прашан за коментар за руските закани упатени кон Македонија дека има негативни ризици за регионалната стабилност ако земјата влезе во НАТО, Ципрас рече дека не треба трети страни да се вмешуваат и дека прашањето за името е билатерално и ќе се решава во рамките на ОН.


Како што јави дописникот на МИА од Атина, во информативна емисија на грчката ТВ ЕРТ, во чии рамки во живо се емитуваше прес-конференцијата на Ципрас во Брисел, веднаш по завршувањето, новинарите ги коментираа пораките што тој ги испрати.


Во однос на прашањето за името, новинарите рекоа дека грчкиот премиер, го открил името, Горна Македонија, обраќајќи се до дописникот на МИА од Брисел. Коментарите на новинарите од државната телевизија беа дека најпрво го открил, а потоа се обидел да се коригира со зборовите „не мора да е Горна, може да е било кое било друго име“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus