Уапсени 12 функционери во Албанија
Во соопштението на Обвинителството се наведува дека градоначалникот на Леж, Фран Фрокај и уште 11 функционери се обвинети за злоупотреба на службената положба и фалсификување на документи.
Тие се обвинети дека подготвувале лажна документација за државно земјиште со површина од 300.000 метри квадратни, кои сакале да им ги продадат по симболични цени на фиктивни купувачи.