Музикологот, публицист, новинар и општественик Марко Коловски, е годинешен добитник на наградата „Трајко Прокопиев“, која претставува највисоко признание кое го доделува Сојузот на композиторите на Македонија на музички творци и проследувачи за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата.