Турција: Неколку пратеници се степаа во парламентoт
По усвојувањето на измените во Изборниот закон, почна расправија меѓу националистичките пратеници и опозицијата. Неколкумина пратеници се степаа, јавуваат турски медиуми.
Со измените е овозможено Високата изборна комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла избирачки кутии во други окрузи. Ливчињата на кои нема печат од Изборната комисија и понатаму ќе бидат важечки.
Припадници на силите за безбедност ќе може да влезат на избирачко место по повик на избирач.