Ирански академик осуден на затвор
Зибакалам наведува дека, покрај затворскиот мандат, добил и двегодишна забрана за сите политички и социјални медиумски активности, како и објавување во печатените медиуми. Зибакалам е познат по своите критики за државните политики на Иран и чувствителните прашања, како што е непријателството на Техеран кон Израел и нуклеарната програма.
Новинската агенција Мизан онлајн, која е поврзана со правосудството, објави дека Зибакалам е обвинет за давање интервјуа за странските медиуми кои се сметаат за непријателски од властите и дека ја доведат во прашање исламската република. Зибакалам за медиумите изјави дека бил осуден по интервјуто за германскиот медиум "Дојче веле" во врска со неодамнешните улични протести во Иран.